Какво време не` очекува во наредните денови?

од Берта Китинска
171 прегледи

Од УХМ информираа дека времето во земјава во текот на утрешниот ден ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура, но, веќе во среда и во четврток се очекува нестабилно време со дожд.

Во среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Според УХМР, потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.