Американски градоначалник подарува биткоини на сограѓани

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Џејсон Стјуарт, градоначалник на малиот град Кул Вали во државата Мисури, собира средства за да подари биткоин на сите негови сограѓани.

Стјуарт не сака биткоинот веднаш да се продава и забележува дека еден ден, кога цената на оваа криптовалута изнесува 500.000 долари, луѓето „навистина ќе жалат“ што го продале, пренесува порталот Bitcoin.com.

“Имам пријатели чии животи се целосно сменети. Како да за само неколку години, станаа милионери од вработени кои работат од 9 до 5“, изјави градоначалникот Кул Вали, кој себеси се нарекува претприемач и екологист.

Тој откри дека повеќето пари за финансирање на неговиот план ќе доаѓаат од неколку неименувани БТК инвеститори.

„Имам неколку донатори кои ме поддржуваат и кои се согласија да платат сума пари еднаква на онаа што ја собирам, до неколку милиони долари. Исто така, се обидувам да добијам државни пари за мојот план, или потенцијално дел од парите за опоравување од пандемијата на коронавирусот“, рече Стјуарт.

На прашањето дали ќе се користат градските средства, градоначалникот на Кул Вали одговори: „И тоа е можно. Ќе видиме како ќе оди“.

Слични содржини