Костадинов: Странски инвестиции во ТИРЗ кои носат нови работни места и повисоки плати, економијата расте

од Берта Китинска
359 прегледи

Мерките и политиките што ги презема Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, даваат позитивни економски резултати. Бележиме сериозно зголемување на економската активност во Технолошко индустриските зони, рече денеска прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

-Според официјалните податоци, за период од една година бројот на работни места во ТИРЗ-овите е зголемен за осум отсто. Забележен е раст од 56 отсто на извозот во ТИРЗ во првите седум месеци, односно тој достигна над 1 милијарда евра. Само годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра кои во наредниот период треба да донесат 1.970 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а само овие компании во државата меѓу другото треба да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка, кажа Костадинов.

Слични содржини