МЛАДИТЕ Талибанци го напуштија занемарениот изглед на нивните предци и се свртеа кон модерни парчиња облека, скапи очила за сонце, дизајнерски тренерки и бејзбол капи со талибански обележја.
Откако ги видовме како се релаксираат во забавен парк по борбите, како возат електрични автомобили и се вртат по рингишпил, веќе не може да биде изненадување.
A Taliban fighter. His outfit style will probably give ideas to fashion designers in Milan and Paris! 😐😂#fact pic.twitter.com/9V00zBTR2Q
— فرهنگ جو (@Farhangjoo) August 19, 2021
За време на нивното владеење од 1996 до 2001 година, Талибанците беа познати по својата скромна, традиционална облека со внимателно растена долга брада. Но, денешните борци, кои медиумите подбивно ги нарекуваат „Талибан 2.0“, многу повеќе се грижат за нивниот изглед.
Додека се борат против влијанието на Западот, тие не им дозволуваат на жените да ја напуштат куќата, ниту да носат модерна облека, а за самите себеви избираат облека која е се, само не скромна.
Taliban inspired from Ranvir Singh.
Taliban Fashion. https://t.co/TZeWhVgKcB pic.twitter.com/WTKqI19ybg— real (@realTim271) August 19, 2021
Фотографиите од Кабул покажуваат дека многумина носат авијатичарски очила за сонце, брендирана облека, а некои се дури и целосно избричени. Сакаат да позираат на контролни пунктови или на улиците на Кабул. Социјалните мрежи ги исмеваат. Еден корисник напиша дека се чини дека ангажирале моден стилист да ги облекува.
Facebook confirms it bans all Taliban-related content https://t.co/yVOkTI5RGQ
— BBC News (World) (@BBCWorld) August 17, 2021
Правилата за тоа како да изгледате како Талибанците веќе се појавија на Интернет, и се чини дека воопшто не е евтино.
Taliban has changed.. new fashion icon on Kabul streets. pic.twitter.com/RN10FeCWAb
— Javed Soomro (@javisoomro) August 19, 2021
Но, јасно е дека, без оглед на нивната навидум инфантилна модна приказна, нема причина за смеење бидејќи тие се членови на движење кое убива луѓе кои не се согласуваат со нивните ставови.