Шпанија привремено ќе прими 4.000 Авганистанци кои работеле за САД, и тие ќе бидат сместени во две воени бази што ги користи авганистанската војска во јужна Шпанија, пренесува денеска Ројтерс.
Според договорот потпишан денеска меѓу Вашингтон и Мадрид, на Авганистанците ќе им биде дозволено да останат до четири недели, изјави извор на Ројтерс.
Договорот прво го објави шпанскиот весник „Ел Паис“, а потоа објави договор постигнат викендов од американскиот претседател Џозеф Бајден и шпанскиот премиер Педро Санчез, во врска со пристигнувањето на Авганистанците во базите во Роти (Кадис) и Морон дел Фронтера (Севилја).
Покрај тоа, авион со 260 авганистански бегалци и нивните семејства пристигна во понеделникот во воената база во близина на Мадрид.
Од минатата недела во Шпанија пристигнаа повеќе од 800 авганистански бегалци.