Дресови на Меси продадени за 140 милиони долари

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Трансфер сагата на Меси од Барселона во Пари Сен Жермен се уште трае. Имаше многу шпекулации, емоции, па дури и солзи, но секако најмногу – пари. Поминаа неполни две недели од трансферот на Леонел Меси од Барселона во ПСЖ, а трансферот во францускиот клуб веќе се исплатеше само преку продажба на дресови во вредност од 140 милиони долари, пишува локалниот печат.

Само неколку часа по доаѓањето на Меси на „Паркот на принцовите“, Пари Сен Жермен доби преку милион нови следбеници на Инстаграм, а слична реакција имаше и кога беа објавени неговите нови дресови.

Во првите 27 минути откако дресот на Меси беше пуштен во продажба преку Интернет, беа купени 250.000 примероци, кои чинеа просечно по 160 евра.

ПСЖ наводно веќе продал дресови на Меси во вредност од 140 милиони долари. Дел од тие средства, околу 7 милиони, заработи Мајкл Џордан, чиј бренд е во соработка со техничкиот спонзор на францускиот клуб. Се наведува дека тоа е повисока плата отколку што имал во текот на 13 од 15-те сезони во НБА лигата.

Се чини дека првичните проценки дека Барселона ќе остане без значителни финансиски средства со заминувањето на Меси се потврдуваат, бидејќи се пресметува дека загубата може да изнесува дури 137 милиони. Од тоа, 43 милиони одат за продажба на дресови и други производи и 77 милиони за рекламирање. Тие бројки се веќе надминати за само неколку недели.

Слични содржини