15 лица не ги почитувале решенијата за изолација поради Ковид-19 во Тетово.
-Во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиме дека 15 лица од Тетово и тетовските села Слатино, Доброште, Лисец, Одри, Терце и Јажинце не ги почитувале решенијата и не биле пронајдени во своите домови. Против овие лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово за МИА