ФАУЧИ ЗА КРАЈОТ НА ЕПИДЕМИЈАТА: САД би можеле да го стават Ковид-19 под контрола на почетокот на 2022 година

од Nikola Popovski
335 прегледи

САД би можеле да го стават под контрола коронавирусот до почетокот на следната година, а во следните неколку недели ќе следат потенцијални посеопфатни одобрувања во врска со вакцините, изјави денеска Ентони Фаучи, главен медицински советник во Белата куќа.

„Ако го придобиеме огромното мнозинство од оние 80 до 90 милиони луѓе кои се уште не се вакцинирани, кои се двоумеле да се вакцинираат или немале шанса, верувам дека можеме да ја видиме светлината на крајот од тунелот“, рече Фаучи за телевизијата Ен -Би -Си.

Само еден ден откако Сојузната американска администрација за храна и лекови (ФДА( издаде целосно одобрување за вакцините против Ковид-19 на компанијата „Фајзер-Бајонтек“, Фаучи рече дека ова одобрување го отвора патот за вакцинација на поголем број луѓе , со потенцијално целосно одобрување и на вакцините Модерна и Џонсон и Џонсон во наредните недели.

„Мислам дека постои разумна шанса Фајзер или Модерна да добијат одобрување од ФДА за помали деца пред претстојната сезона на празници, рече Фаучи за „NBC“.

„Ако успееме да ја поминеме оваа зима и навистина да го придобиеме мнозинството, огромното мнозинство од 90 милиони луѓе кои не се вакцинирани, се надевам дека ќе успееме да воспоставиме добра контрола во пролетта 2022 година“, рече Фаучи за Си-Ен-Ен.

Слични содржини