Пет лица се повредени при тешка сообраќајка во Струга

од Nikola Popovski
369 прегледи

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Струга, информира МВР. Според податоците, повредени се пет лица.

-Вчера околу 11.00 часот во Струга на ул.„Маршал Тито” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди”, управувано од И.М.(36) од с.Заграчани, струшко и патничко возило „фиат”,управувано од С.А.(47) од с.Подгорци, струшко, и двете со струшки регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.А. и неговата сопатничка Н.Д.(58) од с.Подгорци, а со телесни повреди се здобил возачот И.М. и уште двајца сопатници во двете возила, констатирани во болницата „Св.Еразмо” – Охрид и Медицински центар Струга, велат од полицијата.

Според МВР, увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Струга.

Слични содржини