Арсовска ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје

од Берта Китинска
322 прегледи

Време е да делуваме различно од досега, а времето не чека никого. Доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања.напиша на својот Фејсбук профил Актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска информирајќи дека ќе се кандидира за градоначалник на Град Скопје.

-Политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален живот. Заткулисни игри предолго го окупираат градот и неговото функционирање, а незадоволството кај граѓаните континуирано се зголемува. Како изградена личност и жена која со труд и посветеност успеала во личните и професионални предизвици, Ве повикувам ЗАЕДНО да се посветиме Скопје да прерасне во современа и Европска метропола!, нашиша Арсовска.