Кралицата Елизабета е секогаш опкружена со слуги, но нејзиниот поранешен личен асистент Пол Барел откри дека таа самостојно сака да прави една работа по дома.
Секоја година, кралицата Елизабета и нејзиното семејство одат на имотот Балморал во Шкотска, каде што летува, а потоа често бара сама да ги мие садовите после оброк.
„Сака да оди на патувања, а ние и подготвуваме храна, но затоа сака самата да ги мие садовите. Облекува гумени ракавици и вешто ги мие, додека асистентот ги брише со сува крпа“, рече Барел.
Тој додаде дека кралицата има специфичен план за исхрана и јаде само помали оброци дневно, што е само една од нејзините здрави навики што ќе ја натера да живее „уште 100 години“.
„Таа дури и не јаде божиќна вечера како повеќето од нас, кои ги полнат нашите чинии“, истакна тој.
Барел започна да работи за кралицата како 18-годишник, а во 1987 година стана личен слуга на принцезата Дијана, со која беше до нејзината трагична смрт.