Црна Гора има нов шампион во лежење: Дубравка издржала 117 часа

од Nikola Popovski

Дубравка Аксиќ од Подгорица е победник на традиционалниот натпревар во лежење, што се одржал во Етно селото на Црна Гора во Доња Брежна, недалеку од Никшиќ. Според RTCG, таа лежела 117 часа и со тоа го соборила претходниот рекорд.

Претходниот рекорд во лежење бил 52 часа.

Второто место му припаднало на Никола Бошковиќ, кој станал само пет минути пред Дубравка, а Марко Вучковиќ од Никшиќ издржал 115 часа во лежечка положба.

Победникот добил награда од 300 евра.

Правилата биле такви што на учесниците им било забрането да стануваат, но дозволено било спиење, читање книги, храна и пијалок.

Новото правило во споредба со претходните години е дека било дозволено да одите во тоалет на секои осум часа.

Ова е натпревар во кој Црна Гора е единствена во Европа, а особено е интересно поради прифатениот стереотип за Црногорците дека се мрзливи и сакаат да одмараат.

Слични содржини