Објавено кога и каде ќе биде погребан Лане Гутовиќ

од Nikola Popovski
462 прегледи

Актерот Милан Лане Гутовиќ ќе биде погребан во сабота, 28 август, во 12 часот, на гробиштата Кумодраш, пренесува српски „Новости“.

Како што велат, Гутовиќ изразил желба да не биде погребан во Алејата на заслужните граѓани на белградските Нови гробишта.

Гутовиќ почина денеска на 76-годишна возраст на Военомедицинската академија во Белград, по кратка и тешка болест, изјавија од Народниот театар за агенцијата „Танјуг“. Тој беше позитивен на Ковид-19.