269
Албанската влада синоќа одлучи да одобри привремено гостопримство и да прими авганистански државјани кои ја напуштија својата земја откако Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан.
Исто така, била донесена одлука за формирање работна група за бегалци од Авганистан, предводена од министерот за Европа и надворешни работи, Олто Џаки, пренесува „Albanian Daily News“.
Авганистанците ќе бидат под заштита на Албанија една година, а премиерот Еди Рама очекува дека во Албанија ќе пристигнат околу 4.000 Авганистанци, а планот е првата група да се насели во Берат.