Мајка Тереза се смета за една од влијателните жени во светот чие влијание нема никаква врска ниту со пари, ниту со престиж. Денес се навршуваат 111 години од нејзиното раѓање
Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година, на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.
Помагајќи им на луѓето низ светот во името на Бога, Мајка Тереза е совршен пример за тоа колкава може да биде човековата добрина и желбата да се помогне некому.
Неа денес ја нема, но нејзините зборови полни со мудрост сведочат дека некогаш одамна живееле една скромна калуѓерка чие дело никогаш нема да биде заборавено.
„Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“
„Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.“
„Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“
„Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата сиромаштија.“
„Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“
„За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни треба љубов и сочувство.“
„Мирот започнува со насмевката.“
„Има работи кои ти можеш да ги направиш а јас не, но има работи кои јас можам да ги направам а ти не; затоа ајде да направиме нешто убаво заедно.“
„Не дозволувајте никој да замине од вас без да се чувствува подобро и посреќно. Бидете жив израз на Божјата добрина: добрина на лицето, добрина во очите, добрина во насмевката.“
„Ако сте обесхрабрени, тоа е знак на гордост бидејќи покажува дека верувате во сопствените моќи.“
Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година, во Куќата на милосрдието што таа ја основа во Калкута. Крајот на животниот пат на еден од најголемите алтруисти на столетието ги трогна сите, најмногу оние кои ги почувствувале хуманоста и бенефи-циите од нејзините активности – гладните, бездомниците и болните.
Таа беше скопјанка која поголемиот дел од животот го помина во Индија, во земјата која е втора по бројот на жители во светот и седма по географска големина чиј главен град е Њу Делхи.