Арифи бара три недели онлајн настава

од Берта Китинска
315 прегледи

Во моментов во Клиничкиот центар во Тетово се хоспитализирани вкупно 121 пациент и се на кислородна поддршка, додека во последните 24 часа за жал починаа 5 лица.Започнуваме и со отворање на нови пунктови за вакцинација последователно и по потреба, информираше денеска на Кризниот штаб градоначалничка на Тетово, Теута Арифи.

-Со оглед на отежнатата епидемиолошка состојба во Тетово и Полог, бараме од Министерството за образование и Кризниот штаб при Владата на Република Македонија да го одложат почетокот на учебната година со физичко присуство за 3 недели, за сите нивоа на образование, основно, средно и високо. Имајќи предвид дека оваа ситуација преовладува во другите околни општини, апелираме до другите општини во Полог да го поддржат ова барање, и заеднички да придонесеме за намалување на нови случаи на инфекција со Ковид 19.

Бараме целиот образовен и технички персонал во основните и средните училишта во општина Тетово да се вакцинираат до почетокот на учебната година со физичко присуство, соодветно до 20.08.2021 година, бидејќи по овој рок ќе се бара секој втор ден да покажуваат доказ за брз негативен тест, чии трошоци сами ќе треба да ги поднесат, побараа од Кризниот штаб.