Бомба од половина тон го одложи летот на Баерн

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Баерн синоќа победи со 12-0 во купот против четвртолигашот Бремер. Веднаш по голеадата, тој отиде на аеродромот во Бремен за да се врати во Минхен, но тоа не му беше дозволено до сега.

Причината е што за време на работите на аеродромот, беше пронајдена неексплодирана американска бомба од Втората светска војна, тешка 500 килограми и сега е во тек нејзина деактивација.

Пиротехничките тимови се обидуваат да оневозможат голема бомба и за тоа време областа 500 метри околу местото каде што е пронајдена мора да се евакуира.

Баерн остана во Бремен цела ноќ и половина ден подолго од планираното, а за два дена ги чека нов меч.

Првенствен против Херта во Минхен, на другиот крај на Германија.

Слични содржини