Во земјава повторно се регистрирани црни бројки на смртни случаи од коронавирус. Министерството за здравство вечерва информира дека пријавени се 27 починати лица во последните 24 часа.
Од вкупниот број, 7 починати лица ссе од Скопје (84г,79г,78г,67г,67г,66г и 60г), 6 починати лица од Тетово (85г,76г,74г,73г,69г и 60г), 5 лица од Гостивар (72г,69г,65г,61г и 47г), 3 лица од Кичево (48г,46г и 45г), по едно починато лице од Куманово (74г), Прилеп (57г), Охрид (52г), Штип (79г), Струмица (70г) и Македонски Брод(71г).
Од починатите лица 26 се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи изнесува 13.235.