Првата група Авганистанци пристигна во Албанија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
436 прегледи

Албанската влада објави дека првата група евакуирани Авганистанци пристигнала синоќа во таа земја.

Владиниот портпарол го потврди доаѓањето на Авганистанците во Тирана, без да даде повеќе детали. Тој рече дека се очекува да пристигнат 171 евакуирано лице пред да слета авионот.

Мажи, жени, деца и стари лица се симнаа од авионот, кои беа тестирани за коронавирус по пристигнувањето, и по регистрацијата беа префрлени во хотели.

Албанија е меѓу првите земји што понуди привремено прифаќање на евакуирани Авганистанци, откако талибанските екстремисти ја презедоа власта во таа земја.

Премиерот Еди Рама рече дека Албанија може да прифати до 4.000 Авганистанци.

Владата соопшти дека Авганистанците можат да останат во Албанија најмалку една година, за време на која ќе аплицираат за специјални американски визи.

Слични содржини