Ден по бомбашките напади во Кабул: Повеќе од 90 мртви, опасност од нови експлозии

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Најмалку 90 луѓе загинаа, а повеќе од 150 се повредени во експлозиите во четвртокот на аеродромот „Хамид Карзаи“ во Кабул. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите.

Меѓу загинатите има 13 американски војници.

Нападот се случи на една од портите на влезот на аеродромот, а цел на бомбаш -самоубиец беа луѓе кои чекаа во редови за да ја напуштат земјата откако Талибанците ја презедоа власта.

Ден по нападот, евакуацијата од аеродромот продолжува, а според официјалниот претставник на НАТО, сите странски сили во Авганистан ветиле дека ќе ги евакуираат своите граѓани и персоналот на амбасадите.

Американските команданти се во состојба на готовност за можни нови напади на Исламската држава, вклучувајќи потенцијални ракети или возила со бомби што би го погодиле аеродромот во Кабул, изјави началникот на Централната команда на американската армија, Франк Мекензи.

„Правиме се што можеме за да бидеме подготвени“, рече генералот Мекензи, во време кога американските сили брзаат да го завршат повлекувањето од Авганистан, пренесува Би -Би -Си.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, нареди да се спуштат сите знамиња на Капитол на половина копје во жалост за смртта на американските војници и други луѓе во вчерашните терористички напади на аеродромот во Кабул.

Слични содржини