ДОМ и ЛДП: Марковска е непартиски кандидат, човек кој ќе ги обедини граѓаните на Кисела Вода

од Берта Китинска
628 прегледи

Граѓанското движење на ЛДП и ДОМ денес ја промовира кандидатурата на Ѓулистана Марковска, за градоначалник на Кисела Вода.

-Таа е првата жена кандидат за градоначалник во Кисела Вода на овие избори и првата жена кандидат во Скопските општини предложени од политичка партија.Граѓанското движење на ЛДП и ДОМ на дело покажува дека води смета за родовата еднаквост при номинирањето на кандидати за градоначалници.Ѓулистана Марковска е непартиски кандидат, човек кој ќе ги обедини граѓаните и ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните, информираа партиите.

Слични содржини