133 сообраќајни прекршоци во Скопје, 75 санкции за брзо возење

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 9 за возење без возачка дозвола, 16 за управување под дејство на алкохол, две за некористење сигурносен појас, една за минување на црвено светло, осум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 11 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.