Претседателката на ССК, Данела Арсовска, која како независната кандидатка за градоначалник на Скопје, утринава се сретна со претставници на Алијанса за Албанците.
– Конструктивна средба со Арбен Таравари генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива. Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани – напиша Арсовска на својот Фејсбук профил.
ВМРО-ДПМНЕ во моментов одржува седници на Централниот и извршниот комитет на кои партијата треба да одлучи за поддршката на Даниела Арсовска за градоначалничката кандидаура за град Скопје.
Партијата во текот на денот ќе соопшти дали ќе ја поддржи Арсовска како кандидат за главниот град Скопје.