ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска е успешен менаџер и победник на претстојните локални избори

од Берта Китинска
257 прегледи

Данела Арсовска е успешен менаџер и победник на претстојните локални избори, Шилегов е минато и губитник, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

-Арсовска е жена која е високопочитувана во бизнис заедницата, која зад себе има голем број на проекти и завршени работи. Шилегов зад себе има празни ветувања и 20% реализација на програма. Ниту една од капиталните инвестиции ветени од Шилегов не е ниту почната. Нема продолжување на булевар Илинден, нема тунел под Кале.Арсовска целиот свој работен век креира додадена вредност за општеството, а Шилегов потроши 12.5 милиони евра од продажбата на градската куќа, а никој не знае на што и како, стои во соопштението.

Од партијата велат дека Арсовска помагала во раст и развој на голем број на компании, а одлика на Шилегов е тоа што платил противпожарна скала 900.000 евра повеќе од тоа што за истата таква скала платил град Загреб.

-Неспоредливи се Данела Арсовска и Петре Шилегов. Арсовска е работник, упсешен менаџер, а Шилегов е неработник, неспособен и мрзелив.Време е да го испратиме Петре Шилегов во политичка пензија. Време е за промени, додаваат од опозициската партија.