Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ е многу важен момент што ги приближува земјите до Европската унија.
Во интервју за ABC News Albania, по повод дека Приштина одбива да биде дел од тој процес, дека е потребен договор меѓу албанскиот и српскиот народ.
– Не велам дека е лесно бидејќи Косово се уште ги брои исчезнатите. Не велам дека Албанија не смета дека Косово има сериозни рани. Потребен ни е договор помеѓу албанскиот и српскиот народ. Или одлучете се за одмазда. Имаме два пата, трет нема – рече Ахмети.
Говорејќи за иницијативата „Отворен Балкан“, Ахмети рече дека тоа е продолжение на Берлинскиот процес и дека е поддржан и од ЕУ и од САД и дека е важен бидејќи ги приближува земјите до европските вредности.
– Некои од дијаспората ми рекоа дека сакаме повторно да ја создадеме Југославија. Ги прашав колку чекаат на граница кога пристигнаа, ми рекоа пет часа. Потоа им реков дека оваа иницијатива не може да чека ниту една минута. Ако овој договор им штети на Албанците, можете да излезете од него – рече Ахмети.