Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на грчкиот град Коринт, кратко по полноќ по локално време, а исто така беше почувствуван и во Атина, соопшти Атинскиот геодинамички институт.
Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар југоисточно од градот Коринт на Пелопонез, на длабочина од шест километри.
Засега нема информации за штета, соопшти противпожарната служба.