Вакцината против коронавирус во форма на спреј за нос може да биде достапна во 2022 година по клинички тестови, изјави денеска директорот на „Вектор“, Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, Ринат Максјутов.
-Многу лаборатории низ светот работат на вакцина во форма на капки за нос, но досега се тестираат на лабораториски животни. Бидејќи се потребни клинички тестови, мислам дека вакцината во форма на спреј за нос ќе биде достапна следната есен – рече Максјутов, пренесe ТАСС.
Според претходните извештаи, рускиот центар „Гамалеј“ планира да започне со тестирање на овој тип вакцина на крајот од 2021 година или почетокот на 2022 година, како и да ја регистрира следната година.
Центарот „Вектор“ развива и вакцина во форма на капки за нос.