Израел води во светот по бројот на заразени со коронавирус со тоа што забележа најголем број случаи по глава на жител во последните седум дена, објави во вторникот Oxford University Press.
Земјата ги надмина Црна Гора и Грузија со просек од 1.013 нови дневни случаи на милион луѓе во текот на неделата.
Околу 10.946 Израелци беа тестирани позитивно за вирусот во понеделникот, со што беше соборен претходниот рекорд во земјата поставен на 18 јануари за 10.118 нови случаи.
Податоците од израелското Министерство за здравство покажуваат дека од минатиот вторник до понеделник, регистрирани се 61.185 нови случаи на коронавирус, со просек од 8.740 нови инфекции дневно.
Од почетокот на август, 564 пациенти со коронавирус починале во Израел, наспроти 52 во јули и само осум во јуни.
Израелското Министерство за здравство соопшти дека 5,9 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината КОВИД 19, вклучувајќи 5,4 милиони кои примиле две дози, додека 2,1 милиони ја добиле третата доза.