Мицкоски за приемот на Авганистанците: Хуманост треба да покажат помоќните држави

од Берта Китинска
302 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, останува на ставот дека Македонија треба да прими онолку Авганистанци колку што примаат земјите-членки на Европската унија.

-Не треба да има делиме дека хумaност треба да покажат многу побогати и помоќни земји. Неприфатливо е Македонија да прима повеќекратно поголем број на Авганистанци од Хрватска и Словенија кои се понапредни земји.Очекувам да ги видиме вредностите на членките на ЕУ што ги заговараше Аденауер, Де Гаспери и Шуман на дело, па потоа ние да се приклучиме на тој процес, рече Мицкоски.