Мицкоски: Со предложените градоначалници за Прилеп и Битола, СДСМ го призна поразот уште пред изборите

од Берта Китинска
287 прегледи

Со кандидатите за градоначалници од поголемите пелагониски општини, пред се Битола и Прилеп СДСМ го призна поразот уште пред да започнат изборите, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

-Во Прилеп кандидираше транзиционен политичар којшто можеби е единствен кој може да и конкурира на Радмила Шеќеринска на политичката сцена, малку пратеник, малку беше координатор на пратеничка група, малку министер, па малку в.д. директор, па сега сака малку да биде градоначалник. Втората личност која вчера ја понудија, не само што не е конкурентна и не е достојна за тој град каде ја понудија тие со тоа си потпишаа пораз и за следните 4 години, бидејќи стравува отсуството на квалитет кадровски во СДСМ па ќе мораат да одат со крајно корумпирани и сомнителни бизнис ликови од средините од каде што ги кандидираат, изјави Мицкоски.