„Најк“ на своите вработени во канцелариите на компанијата им даде една недела одмор овој месец.
Компанијата се одлучи на таков потег со цел да ги ослободи вработените од стресот, пренесува „CBS News“.
Објавата за слободен ден за вработените во канцеларијата на Најк беше објавена на Линкдин од глобалниот маркетинг менаџер Мет Марацо.
„Испраќаме јасна порака: Најдете време да се опуштите, да се справите со акумулираниот стрес и да поминете време со најблиските. Не работете“, напиша тој.
„Во вакви времиња, јас сум толку благодарен што сум дел од овој тим. Во години (или две) кои се толку различни од другите, одвојувањето време за одмор и закрепнување е клучно за одржување на менталното здравје, но и понатамошна отворена работа“, додал менаџерот на Најк во соопштението.
„Не е само една недела одмор, тоа е признание дека можеме да го ставиме менталното здравје на прво место и да ја продолжиме нашата работа“, напиша Марацо.