Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа, ги повика членовите, симпатизерите на Левица онаму каде немаат кандидати да ги поддржат оние на опозицијата.
„Жалам што раководството на Левица не ја препозна шансата за обединување, ги повикувам нејзините гласачи да ги поддржат кандидатите на опозицијата таму каде Левица не одат со свои кандидати, а јас ќе повикам во вториот круг таму каде нема да имаме свои, да се поддржат кандидатите на Левица“, рече Мицкоски.
Зачуден сум, кажа Мицкоски, како не ја гледаат крајната цел, а тоа е да се направи поширок опозициски блок.