Вкупно 5.895 грчки здравствени работници кои работат во болниците кои не се вакцинирани, добија или ќе добијат неплатен одмор, откако стапи на сила владиниот закон за задолжителна вакцинација против корона на сите вработени во националниот здравствен систем, јави грчки скај ТВ.
Претходно комисијата на државниот совет, највисокиот административен суд во Грција, го одби барањето поднесено од вработените во болницата за суспендирање на владината одлука со која се наложува вакцинација на сите вработени во националниот здравствен систем и суспензија на оние кои одбиваат да го сторат тоа, објави Катимерини .
Министерството за здравство проценува дека одлуката за неплатено отсуство ќе погоди околу 10.000 вработени во државните болници, медицински центри и други тела од здравствениот сектор. Нивната точна бројка засега не е позната зашто многу луѓе побрзале да се вакцинираат вчера.