НОВ РЕКОРД: Алармантен број на новозаразени во Израел

од Берта Китинска
230 прегледи

Израел регистрираше најголем број на нови случаи на коронавирус за едно деноноќие од почетокот на пандемијата, иако бројот на сериозни случаи продолжи да се намалува во услови на зголемен интензитет на вакцинирање со трета доза, објавија израелските медиуми.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 11.187 новозаразени лица, што е зголемување за 1.755 заразени лица во споредба со претходниот ден. Претходниот рекорд за време на пандемијата беше во понеделникот со 11.140 заразени за 24 часа.Бројот на тешките случаи се намалува трет ден по ред.