314
Си-Ен-Ен објави дека 132,5 милијарди галони вода паднале во пет главни области во Њујорк во период од пет часа.
Тоа е еквивалентно на околу 50.000 олимписки базени, рече метеорологот на Си -Ен -Ен, Педрам Јавахери.
Толку многу врнежи во толку краток временски период би биле проблематични насекаде во светот, но кога ќе падне таков дожд во урбана област како Њујорк, проблемите стануваат многу поголеми, рече метеорологот.
Да потсетиме, во поплавите предизвикани од рекордните врнежи во Њујорк и Њу Џерси загинаа најмалку девет лица.
Имено, остатоците од ураганот Ида, кој викендов ја опустоши американската држава Луизијана, донесе рекордни количини дожд и поројни поплави.