Роналдо по рекордот: Ова е посебен момент за мене

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо не го криеше задоволството откако стана рекордер по број на голови за националниот тим.

Роналдо беше двоен стрелец во триумфот на Португалија против Република Ирска (2:1) во квалификациите за СП, и со тоа ја обезбеди титулата најдобар стрелец на репрезентацијата досега со 111 погодок.

– Јас сум многу среќен. Не само затоа што го срушив рекордот, туку и поради особеноста на моментот, она што го доживеавме на овој натпревар. Се боревме до крај и верувавме во себе – рече Роналдо по натпреварот и рекордот.