Руската полиција ја уапси Анастасија Василиева, докторка која стана активистка и е поврзана со критичарот на Кремљ и Владимир Путин, Алексеј Навални. Таа беше приведена во близина на нејзината канцеларија во Москва, изјави нејзиниот адвокат во средата, пренесува Москва тајмс.
„Таа беше приведена, засега не е јасно зошто. Можеби ќе сакаат да ја одведат на суд со сила. Денеска има само судско рочиште за случај на прекршување на санитарните стандарди“, изјави адвокатот Дмитриј Џулај за државната новинска агенција ТАСС.
Како обвинет во таканаречениот „санитарен случај“ во кој неколкумина сојузници на Навални беа обвинети дека повикувале на масовни протести против неговото затворање во јануари, на Василева и беше забрането да излегува од куќата помеѓу 22 часот и 7 часот наутро.
Федералната затворска служба на Русија побара Василева да биде префрлена во притвор, бидејќи неколку пати го прекршила полицискиот час за неколку минути, пренесе ТАСС.
На видеото објавено од Олег Степанов, колега на Навални, Висилева е снимена како се обидува да се ракува со полициските лица додека се обидувале да ја одведат.
Василева, која е личен лекар на Навални, покрај тоа што беше шеф на независниот синдикат на Лекарскиот сојуз, минатата година стана позната по тоа што го критикуваше одговорот на владата на коронавирусот и дистрибуираше помош за регионалните лекари кои немаат доволно средства.
Претходно оваа година, Лекарскиот сојуз беше означен како „странски агент“ од страна на руските власти, пренесува Москва тајмс.
Anastasia Vasilyeva, an ally of Kremlin critic Alexei Navalny, played the piano while police raided her home in Moscow pic.twitter.com/PClmM2ehAA
— Reuters (@Reuters) January 28, 2021