Ѓорчев: Децата уште учат од стари учебници од владата на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
347 прегледи

Срамота децата да учат од стари распарталени учебници испечатени пред 6, 7 или 8 години од владата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави членот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на прес-конференција.

Според него, учебната година почнува со хаос како никогаш досега во македонската историја.

Според него, учебната година почнува со хаос како никогаш досега во македонската историја.

Министерке Царовска испечатете учебници за децата да имаат од што да учат. Министерке Царовска со вашето фијаско за прв пат во историјата на Македонија свидетелства се делат во септември, а не во јуни. Министерке Царовска имаме огромен удар врз родителите затоа што треба да плаќаат и да набавуваат компјутери за децата, затоа што треба државата да им ги плати и државата да им ги набави, рече Ѓорчев.

Министерката за образование, Мила Царовска денеска истакна дека учениците имаат таблети и учебници.

-Родителите, наставниците и административниот кадар имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети кои се во училиштата и втора работа е дека ги спуштаат по информации во вибер групи или емаил адреси за тие да ги инсталираат. Јас имам дете во четврто одделение и тука учебниците се симанти, одговори Царовска на прашањето дека иако училишната година започна во некои училишта во Скопје ученици од четврто одделение немаат ниту учебници, ниту таблети.

Слични содржини