Расте бројот на жртви во Њујорк: Пронајдени тела на пет лица во стан

од Nikola Popovski
387 прегледи

Итните служби во Њујорк пронајдоа безживотни тела на пет лица во поплавен стан, откако ураганот Ида донесе обилни врнежи и предизвика голема штета во градот.

Вонредна состојба беше прогласена синоќа во градот, кога остатоците од ураганот Ида го погодија Њујорк и предизвикаа целосен колапс и хаос на улиците.

Градоначалникот Бил Де Бласио апелираше до граѓаните да останат во своите домови и да избегнуваат опасност.

Најтешко погодени се предградијата на Њу Џерси, каде што куќите се уништени, а бројот на жртвите се зголемува од час во час.

Спасувачките служби пронашле безживотни тела на пет лица во еден стан, каде претходно била повикана брза помош. Бројот на жртвите сега се искачи на 13, вклучително и деца и стари лица кои не успеаја да се евакуираат навреме.

Спасувачите ги пронајдоа телата во станбен комплекс во кој има неколку станови. Како што беше наведено на лице место, тие починале како последица од задушување.

Слични содржини