300
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ без проблеми помина во третото коло на УС Опен.
Во второто коло, Србинот го победи холандскиот играч Талон Грикспур, 121 -иот рекет во светот, со резултат 3:0 во сетови.
Србинот го зеде првиот сет со 6: 2, откако му одзеде два сервиса на противникот.
Во вториот сет, светскиот рекет бр.1 веднаш направи брејк, Грикспор врати во седмиот гем, но повторно го загуби сервисот, а сетот му припадна на Ѓоковиќ со резултат 6:3.
Третиот сет за Србинот беше само формалност, а го доби со 6: 2 со два брејка.
Ѓоковиќ го очекува дуел со Јапонецот Кеи Нишикори во борбата за осминафиналето.