ТЕТОВО: Четири лица починаа, 104 се на кислородна поддршка

од Берта Китинска
205 прегледи

Четири лица на возраст од 63 до 74 години хоспитализирани во тетовската Клиничка болница се починати како последица од ковид-19 во изминатите 24 часа, информираат од ковид-центарот во Тетово за МИА.

Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, заклучно со 2 септември во тетовскиот регион во текот на пандемијата 441 лице починало поради ковид-19.

– Изминатите 24 часа до седум часот утринава примени на се нови девет пациенти. Во моментот има 106 хоспитализирани од кои 104 се на кислородна поддршка. Во текот на овие 24 часа дома се пуштени девет луѓе, информира д-р Гзим Нуредини од ковид-центарот.