Од СВР Тетово информираат дека вчера (2 септември во12 часот и 20 минути) било пријавен настан. Според причините податоци С.И.(23) од Ѓурѓевиште, од возило во движење пукал од пиштол повеќе пати кон луѓе кои се враќале од погреб. Полесна телесна повреда здобил Ф.М.(46) од истото село, на кој му е укажана помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад”, пренесува МИА.

Екипа на ОВР Гостивар извршила увид, а на местото на настанот се пронајдени и подигнати за вештачење две чаури и еден проектил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини