Турскиот Пентагон: Воениот комплекс на Ердоган за „внесување страв во коски“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
289 прегледи

Турција започна со изградба на огромен воен комплекс што ќе претставува револуција во безбедносниот сектор. Работното име на импресивната зграда е турскиот Пентагон, за кој Реџеп Таип Ердоган вели дека „влева страв“ кај сите непријатели на државата.

Церемонијата за поставување на темелите се одржа во понеделникот, а честа му припадна на Ердоган.

Плановите покажуваат дека комплексот ќе се простира на 136,5 милиони метри квадратни и е планиран за околу 15.000 вработени. За споредба, американскиот Пентагон има 6,5 милиони квадратни метри.

Зградата ќе биде во форма на полумесечина, по урнек на турското знаме. Огромната зграда во форма на sвезда ќе служи како изложбен простор и влез во главниот комплекс во форма на полумесечина.

Завршувањето на проектите е закажано за мај 2023 година.

„Тука ќе воспоставиме структура чија позиција ќе предизвика страв од непријателот и почит кон пријателите“, рече Ердоган на свечената церемонија одржана на 99-годишнината од Денот на победата во војната за независност во 1920 година.

Полумесечината е најновата во серијата обиди на Ердоган да ја зајакне воената моќ на Турција пред изборите во 2023 година, додека земјата се соочува со проблемот на инфлација, поплави и пожари.

Турција се фокусираше на локално производство на оружје и воена опрема, развивајќи беспилотни летала со носивост, кои се дизајнирани да одговараат на американските модели.

 

 

Слични содржини