„Предизборната кампања на СДСМ на манипулации и лаги не поминува веќе кај граѓаните. Граѓаните многу добро знаат кој колку изгради. СДСМ со Зоран Заев во секое поле потфрли, така и со градинките“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Имено, во случај на пандемија од КОВИД владата не успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, а мајките губат работа или самите даваат отказ за да ги чуваат своите деца.
СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаја на време ниту да ги довршат, ниту пак да ги отворат. За помалку од 8 години ВМРО-ДПМНЕ изгради 70 градинки низ цела Македонија. А, ниту една капитална инвестиција откако Заев е на власт во Македонија нема“, истакнуваат од Белата палата.