Формирано „Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ“, најавија кандидати за градоначалници во 5 града

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Договор за заеднички настап на локалните избори потпишаа Горан Милевски и Маја Морачанин, Претседателите на ЛДП и ДОМ формирајќи го “Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ”.

Коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што оваа коалиција се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена.

До сега тие ги најавија кандидатите за градоначалници на Ѓорче Петров Љупчо Јаневски, на Кисела Вода Ѓулистана Марковска, на Гевгелија Виктор Петков, на Прилеп Славе Петрески и на Штип Ванчо Санев.

Од „Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ“ најавуваат дека во недела ќе го соопштат својот кандидат за градоначалник на Скопје и носителот на советничката листа.

Слични содржини