„Точно знаеме како се лекуваат сите пациенти и сите се лекуваат по протоколи, и со модерни лекови. Најголем број од пациентите во болниците се невакцинирани, и тоа е проблемот. Околу 9% од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети.“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој кажа дека ниту тој, ниту некој друг во Светот не кажал дека вакцината целосно штити, туку дека штити од сериозна тешка форма на болеста.
„Никогаш, ниту јас ниту бил кој здравствен работник во светот не сме кажале дека вакцината целосно штити од вирусот. Штити од тешка форма на болеста и од смртност. Огромен процент на новодијагностицирани пациенти се невакцинирани. Разговараме со колегите од другите земји, и секаде болниците се оптоварени со невакцинирани. И од тука не можеме да предвидиме со ситуацијата во пандемијата, веројатно ќе има нови соеви, но вакцината е таа што штити од смртен исход или тешка форма на болеста“, кажа Филипче.