ДУИ: Пописот ќе ја покаже реалноста во земјата во етнички и граѓански состав

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Демократската Унија за Интеграција апелира до граѓаните да се регистрираат сите, бидејќи ова е многу важен процес за целата земја.

-Преку овој процес на Попис кој се реализира по многу години, покрај бројките што ќе ја покажат реалноста во земјата во етнички и граѓански состав, ќе покажеме пример и вредности и во регионот. Како граѓанска обврска треба да се почитува од сите, затоа, уште еднаш, ДУИ апелира оваа обврска да се исполни од сите граѓани. Во исто време, Демократската Унија за Интеграција бара сите граѓани од дијаспората што не ја исполниле оваа обврска да го прават истото се додека трае рокот за регистрација.

Регистрирајте се затоа што сите ние вредиме, велат од ДУИ.

Слични содржини