249
Реализиравме промени какви што никогаш досега не биле реализирани, пишува на својот Фејбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
-Го унапредивме здравствениот систем слушајќи ги потребите на граѓаните.Тоа што е важно од овој пристап е што сите засегнати групи чии проблеми треба да се решат се вклучени во процесот на креирање на политиките, тие се чувствуваат корисни и задоволни. Сега институциите се во служба на граѓаните со заеднички фокус за подобра иднина на сите нас, информира Филипче.