Пукање во близина на претседателската палата во Гвинеја (ВИДЕО)

од Берта Китинска
335 прегледи

Истрели денеска се слушнаа во близина на претседателската палата во центарот на главниот град на Гвинеја, Конакри.

Претседателот на Гвинеја беше „фатен од армијата во обид за државен удар“ среде „силно пукање“. Водачот на западноафриканската нација беше уапсен за време на државниот удар од припадниците на неговите вооружени сили, се вели во извештаите.

Се чини дека снимката покажува војници кои го приведуваат претседателот Алфа Конде, а ги објави  новинската агенција АФП, заедно со соопштението во кое се наведува дека армијата ја распуштила владата.

Во октомври минатата година 83-годишната Алфа Конде третпат победи на претседателските, кои беа обележани со насилни протести во кои беа убиени десетици луѓе.

Слични содржини