Левица го објави својот кандидат за градоначалник на Општина Велес.
-Д-р Златко Арсов е редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ – Скопје, со големо искуство и работен стаж од 32 години. На општествено ниво, сака да покаже дека оваа, навидум безизлезна ситуација во која се наоѓаме благодарение на минатата и сегашната владеачка гарнитура, не е непроменлива. На локално ниво сака да обезбеди просперитет за родниот град Велес, каде и живее со сопругата и синот.
Неговата борба е насочена кон: праведност, чесност, создавање на простор за хумано и здраво живеење, активности за развој на потенцијалот на децата и младите, енергетска одржливост, чистење на почвата, водите и воздухот од енормното загадување, унапредување на земјоделскиот сектор, соопштија од Левица.